И денес дожд, грмежи и локално невреме

Сподели со своите пријатели

И денес нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, инфоормираат од Управата за хидрометеоролшки работи.

Преку ноќта повремени врнежи имаше во поголемиот дел од земјата, а утрово пороен дожд со грмежи има во централните и северните делови. Движењето на облачната маса со врнежи е кон север и таа доста брзо се извлекува кон Србија.

Во 6 часот врнежите се на дел на Скопско повеќе во централните и источните делови и кон падините на Скопска Црна Гора. Чести поројни врнежи има и во Кумановско и кон границата со Скопскиот регион. Во следните неколку часа оваа облачност ќе се намали и во северните делови ќе има само повремен дожд.

Нестабилност има и во југозападните делови и повремен пороен дожд во претпладневните часови ќе има и на западот од земјата. Попладне ќе остане нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, но тие ќе се почести на југ и југозапад. Дневната температура ќе биде во интервал од 25 до 31 степена.

Во Скопската котлина претпладне ќе има повремен пороен дожд и грмежи. Во попладневните часови и понатаму ќе има услови за нестабилно време со појава на грмежи но врнежите ќе се поретки, иако повремено ќе имаат засилен интензитет. Дневната температура ќе достигне до 29 степени.

 Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за дожд и грмотевици. Ќе дува умерен северен ветер, а дневната температура бележи значително опаѓање, така што максималната ќе изнесува само 26 степени, додека во вечерните часови повторно со услови за врнежи и грмежи и температура од само 16 степени целзиусови.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.