И без Мандиќ – КК Куманово буквално го прегази Работнички

Сподели со своите пријатели

Со осумнаесет кошеви разлика и без настапа на Вукашин Мандиќ поради суспензија, кошаркарите на КК Куманово на гостински терен, синоќа го совладаа тимот на Работнички со резултат 64:82 во рамките на 6 -тото коло од домашната лига.

Loading...

Работнички покажа рамноправна игра до финишот на првото полувреме, кое заврши со предност на Куманово од 42:38, но веќе во третата четвртина, кумановчани направија двоцифрена разлика без дилеми за победникот на овој дуел.

Пред почетокот на последната четвртина дојде до прекин, откако во триесеттата минута, во неред предизвикан од публиката,  гостинскиот тренер Љубислав Луковиќ се пожали дека бил удрен со тврд предмет во главата.

Урош Луковиќ за Куманово постигна 22 поени и 10 скока, а ист број на поени имаше и Ентони Дивејн. Кај Работнички, најефикасен беше Стојан Ѓуроски со 16 постигнати поени.