Хутите објавија снимка од ракети испукани кон Израел (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јеменските Хути објавија страшна видео снимка на која, како што тврдат, се гледа како тие гаѓаат проектили и беспилотни летала во правец на Израел.

Loading...

На снимката, чија автентичност не може да се потврди, се гледа како се лансираат проектили и се слуша разбеснета толпа која извикува Алаху Акбар.

Ниту еден од истреланите проектили не стигна до Израел, бидејќи во акција биле израелски борбени авиони и противвоздушни ракети кои ги пресретнале ракетите на Црвеното Море, а според неофицијални информации, најмалку еден од проектилите паднал во пустината во Јордан.

Да потсетиме, Хутите, поддржани од Иран, вчера објавија дека извршиле трет напад насочен кон Израел, лансирајќи голем број проектили и беспилотни летала.

Воениот портпарол на групата, Јахја Сари, рече дека допрва треба да следат нови напади.

Хутите сега го имаат можеби најсофистицираниот арсенал на ракети и беспилотни летала меѓу регионалните сојузници и прокси на Иран, познат како „оската на отпорот“, според аналитичарите од Блискиот Исток.

 

Loading...