Хуманитарна акција на Ротаракт во маркетот на Тинекс

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на Новогодишните празници, Ротаракт Клуб Куманово организира акција за собирање храна за социјално ранливите категории на граѓани која ќе биде спроведена денес од 11 до 15 часот во маркетот Тинекс во Куманово.

Сите производи ќе бидат донирани во Народната кујна во Куманово.

Дојдете, купете основни прехранбени производи и наполнете ги новогодишните кошници поставени во холот на Тинекс. Бидете хумани – донирајте храна и споделете ја празничната радост, среќата е поголема кога се дели со оние на кои им е најпотребна. порачуваат од Ротаракт Клуб.