Хуманитарен настан „Со шепите кон сигурен чекор“ во недела во Куманово

Сподели со своите пријатели

Под наслов „Со шепите кон сигурен чекор“, Општинската организација на Црвен Крст Куманово во недела од 12 до 15 часот на градскиот кеј организира хуманитарен настан од натпреварувачки карактер со кучиња миленици.

Loading...

Активноста е дел од проектот ,,Сигурен чекор” кој има за цел едукација за безбедноста во сообраќај, а воедно и помош на лице засегнато од сообраќајна незгода.

– Ве повикуваме сите заинтересирани кои имате куче како миленик да бидете дел од овој хуманитарен настан, пријавите за учество ќе се пополнуваат на лице место. Со собраните средства од котизација за учество и останато ќе се помогне на лице кое секојдневно има пречки при комуникација и животна социјализација како последица од сообраќајна незгода, велат од ОО на Црвен крст Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЗНАМ: СДСМ повторно ја презема улогата на кочничар на економскиот развој на Македонија

Натпреварот ќе го носи името „Кокерски олимписки игри“, но учество можат да земат сите раси на кучиња.

Заинтересираните ќе треба да платат 300 денари за учество, а средства подоцна ќе бидат донирани.

 

Никола Ивановски

Loading...