Хуавеј претстави нов телефон со сопствен оперативен систем (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Huawei претстави нов луксузен телефон, кој, поради санкциите за извоз на САД, ќе има сопствената верзија на оперативниот систем „Андроид“ на технолошкиот гигант „Гугл“.

Loading...

Кинескиот технолошки гигант претстави нова телефонска серија Mate 30 во Минхен.

Се очекува дека уредот нема да има популарни апликации на Google како Chrome, YouTube, Gmail или Google Play Store, што ќе ја ограничи нејзината привлечност кај потрошувачите.

Сепак, Huawei најде решение во сопствената верзија на Android.

Вториот најголем производител на паметни телефони „Хуавеј“ се бори да го спаси својот бизнис, откако администрацијата на Доналд Трамп го блокираше пристапот до американските компоненти и технологија во мај годинава со изговор дека е поради национална безбедност.

Вашингтон издаде привремени исклучоци кои му овозможуваат на Huawei да одржува софтвер за постојните уреди, но таа одлука не опфаќа нови производи како Mate 30.

Leave a Reply