Хуавеј победи: Трамп ја укинува забраната за соработка со американски фирми

Сподели со своите пријатели

По турбилените односи на релација Кина – САД, американските компании чија соработка со Хуавеј беше прекината, повторно ќе добијат одобрение да ја продолжат работата со најголемиот светски произведувач на телефони.

Loading...

За две недели, најмногу четири, американските компании ќе добијат „зелено светло“ повторно да работат со компанијата Хуавеј, објавил неименуван американски функционер близок до администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Ова било очекувано откако Трамп, неодамна разговарал со кинескиот претседател Си Џипинг за време на самитот Г20, каде најавил укинување на санкциите.

– Американските компании ќе ја продолжат соработката со Хуавеј. Нашите компании беа многу вознемирени, но ние ќе им ја дозволиме продажбата. Затоа, но е во прашање проблем со националната безбедност, ќе им дозволиме да продолжат да продаваат, рекол Трамп.

Најновата информација се потпира со изјавата и најавата на Трамп.

Хуавеј и администацијата на Трмап беа во конфликт по обвиненијата од САД дека кинескат акомпанија ги користи сите начини да „шпионира“ и да ја загрозува американската безбедност, ставајќи ја на „црна листа“ со што практично, на компанијата и забранува работење со американски компании и оневозможува извоз на американски производи кон Хуавеј.

Двете страни, беа на губиток.

Од 70 милијарди долари колку Хуавеј потрошил за купување разни компоненти во 2018 година, околу 11 милијарди долари биле исплатени на американски фирми, вклучително „Qualcom“, „Intel“ и „Micron Technology“.

Loading...

По воведувањето на новите мерки, на американски компании им било дозволено да соработуваат со Хуавеј врз основа на веќе склопени, претходни договори, но не смееле да склопуваат нови зделки.

Image by Gerd Altmann from Pixabay

Leave a Reply