Хрватска купува оружје за 3,8 милијарди евра

Сподели со своите пријатели

Хрватското Министерство за одбрана (МО) во периодот од 2021 до 2026 година ќе набави оружје, муниција и опрема во вредност од 3,8 милијарди евра, пренесува „Јутарњи лист“.

Loading...

Помал дел од тоа, во износ од околу 223 милиони евра, се должат на донации на воена помош од Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Ова е најголемата распределба за вооружување и опремување на армијата од прогласувањето на независноста.

Од 2000 до 2020 година, набавката на нови воени системи беше повеќе инцидент отколку практика.

Купени се 126 оклопни возила „патрија“ за 180 милиони евра, 39 воени камиони за 4,5 милиони евра, 27 употребувани германски камиони за 200.000 евра, 16 самоодни хаубици PzH2000 за околу 430 милиони евра, седум МИГ-ови се ремонтирани и пет купени за околу 18,5 милиони евра.

САД донираше 212 возила МРАП, како дел од сукцесијата од Русија, Хрватска набави 10 нови транспортни хеликоптери МИ 171Ш и склучи договор за изградба на пет крајбрежни бродови, кој се уште не е реализиран. И тоа за 20 години беше се од набавка на големи воени системи.

Во Хрватска пристигнуваат и 12 француски борбени авиони Рафал.