Хрватска испрати протестна нота до Србија поради Дачиќ

Сподели со своите пријатели

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска соопшти дека е упатена нота до Република Србија поради изјавата на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ при отварањето на изложбата „Јасеновац – право на сеќавање“ во ОН во Њујорк.

Во соопштнието на сајтот на хрватското министерство се наведува дека во нотата се истакнува дека изјава на министерот Дачиќ во ОН покажува дека Република Србија продолжува со злоупотреба и манипулација на жртвите во Јасеновец во дневнополитички цели.

– Министерството за надворешни и европски прашања предупредува дека ваквите невистинити и навредливи изјави упатени кон Република Хрватска и нејзиниот политички врв, ја доведуваат во сомнеж искреноста на декларативни ставови на Република Србија за желбата з апомирување и градење добрососедски односи, пишува во протестната нота.

Потрпретседателот на српската влада и шефот на дипломатијата Дачиќ, кој во седиштето на Њујорк ја отворил изложбата за Јасеновац, го повика хрватскиот премиер Андреј Плековиќ да оди во Насеновац и да се поклони и јасно да каже кои се жртвите.

Јасеновац е еден од најголемите концентрациони логори од периодот на Втората светска војна, потсетил Дачиќ.

исто така рекол дека, како што српскиот народ има доволно смелост, храброст и морал да ги согледа своите грешки во минатото, да казни,приведе и осуди лица кои вршеле злосторства над други народи исто и другите народи имаат обврска да не ги рехабилитираат злосторствата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.