Хрватите за 14 дена дигаат ограда со Србија, а Словенија ја затвори границата со Хрватска

Сподели со своите пријатели

Владата на Хрватска е спремна да тргне во подигање на ограда на границата со Србија доколку пропадне „планот Ц“ за транзит на бегалците кон Словенија.

Loading...

Плановите за оградување на границата постојат веќе некое време, а според проценките на балканските медиуми, доколку започне поставувањето на оградата за две недели границата ќе биде блокирана.

Доколку Словенија или Австрија драстично го редуцираат приливот на мигранти, ни нам не ни преостанува ништо друго туку да го ограничиме бројот на бегалците кои ни доаѓаат од Србија. Во тој случај изградбата на оградата би траела неколку недели, затоа што на некои делови од границата работите ќе бидат потешки поради природните препреки, како што е мочуришното земјиште – вели извор од хрватската влада за „Јутарњи лист“.

По словенечката делумна блокада на границата во ноќта измеѓу недела и понеделник и хрватската полиција започна да го ограничува бројот на луѓе кои влегуваат од Србија, па расте напнатоста затоа што од српска страна бројот на бегалците е се поголем кои на дожд и на отворено чекаат да преминат преку границата. Истворемено возовите и автобусите се праќаат во Словенија.

Медиумите оценуваат дека во случај на затворање на српско-хрватската граница најприкладна варијанта за преусмерување на бегалците ќе биде кон Романија, па Унгарија која се уѓте го нема затворено тој дел од границата, додека помалку веројатна е опцијата дека од Србија тие ќе одат преку Босна и Херцеговина па кон Хрватска поради препреките на кои би наидувале.

Во меѓувреме во близина на граничниот премин Ригонце, словенските полициски службеници нешто зад поноќ пресретнале голема група мигранти кои незаконски се обидувале да ја преминат границата измеѓу Србија и Хрватска.

Во соопштението од полицијата се вели дека никаде не стоела најава од хратска страна дека ќе има толакв број на мигранти. Полицијата ќе ги отпрати кон кампот за бегалци во Брежице, а потоа ќе бидат превезени во останатите центри каде ќе бидат регистрирани.

Сите овие настани резултираа со тоа денеска Словенија да одлучува да менува одредени законски регулативи со кои целосно би ја затворила границата со Хрватска доколку бранот со бегалците не се контролира, пренесуваат балканските медиуми.

Што ќе прави Македонија доколку и оваа рута се блокира, останува непознато.

Loading...