ХРТ: Пограничниот град Качаник е извор на џихадисти од Косово

Сподели со своите пријатели

Косово е најголемиот извор на џихадистите на Исламската држава што се однесува на борците од Европа, земајќи го во предвид бројот на населението, тврди ХРТ, посочувајќи дека градот Качаник кој се наоѓа на границата со Македонија предничи во регрутирањето за ИСИС.

Loading...

Во Сирија и Ирак се борат 22 мажи од вкупно 43 илјади жители на Качаник, а еден од нив е и Лавдрим Мухаџери, кого го нарекуваат Џихади Џон, пренесува ХРТ. Локалните службеници, меѓутоа, тоа го негираат и ги обвинуваат медиумите за уништување на угледот.

Lavdrim-620x350

Еден од нив е и претседателот на Исламската заедница Качаник Флорим Незирај, кој таму веќе е три години и добро се познава ситуацијата. Тој вели дека одредениот број на лица заминале да се борат во другите земји, но дека во Качаник не е забележан ниут еден конфликт поврзан со верата.

Lavdrim-Mudzaheri

Невработеноста и сиромаштијата се најголемите причини поради кои младите од овие простори заминуваат во Ирак и Сирија, каде им се ветува „мед и млеко“ како и годишна заработка од 30 илјади евра, наведуваат од ХРТ.

Многу бргу, истите сфаќаат дека се измамени, па дел од нив се одлучуваат за враќање. Психолозите кои се занимаваат со оваа проблематика тврдат дека не знаат која група е поопасна – онаа која во еуфорија заминува или она која измамена се враќа и потоа се плаши од полицијата.

Качаник поради верата дојде на лош глас, со оглед на тоа дека 22 жители кои се борат во Сирија и Ирак на страната на Исламската држава.

Loading...

Бесим Илјази, претседателот на општината Качаник наведува дека многу веројатно е дека таа приказна нанела голема штета на угледот на овој град, но истовремено нагласува дека во градот може да шетате месец дена и нема да забележите ништо на улиците поврзано со такво однесување.

Во централната улица, меѓутоа, личностите кои се поврзуваат со вахабизам бегаат од камерите, како и поголемиот дел од граѓаните, што може да се препише на стравот или на нешто друго, оценува ХРТ.

Африм Хабиби, командант на полициската станица во Качаник, вели дека во изминатата година не било забележано заминување во Сирија и додава дека многу е помала активноста за која може да се сомнева дека има врска со врбувањето.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.