Храната во 2022 година глобално поскапела за 14,3 отсто

Сподели со своите пријатели

Глобалните цени на храната се зголемиле за 14,3 отсто годишно во 2022 година, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Loading...

Споредено со претходната година, индексот на цените на храната на ФАО е зголемен за 18 поени, на 143,7 поени во 2022 година.

Индексот ги мери месечните промени во меѓународните цени на пет главни групи на прехранбени производи – житарки, месо, млечни производи, растителни масла и шеќер.

Индексот на цените на млечните производи на ФАО се зголеми за 19,6 отсто, што е највисок годишен просек од 1990 година со 142,5 поени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наставниците во Тенеси ќе можат да носат оружје на училиште

Индексот на цените на житарките се зголеми за 17,9 отсто од 2021 година на рекордни 154,7 поени минатата година, поради значителните нарушувања на пазарот, повисоките трошоци за енергија, неповолните временски услови и континуираната висока глобална побарувачка за храна.

Индексот на цените на растително масло лани достигна рекордни 187,8 поени и е за 13,9 отсто повисок од претходната година.

Индексот на цените на месото е зголемен за 10,4 отсто во однос на 2021 година, а во 2022 година беше 118,9 поени во 2022 година, што е највисок годишен просек од 1990 година.

Индексот на цените на шеќерот на ФАО се зголеми за 4,7 отсто на годишно ниво на 114,5 поени, највисоко од 2012 година.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јамајка ја призна државата Палестина