Храна која го подобрува расположението

Сподели со своите пријатели

Најголем број од истражувањата покажале дека човекот може да го подобри своето расположение само со менувањето на начинот на исхраната.

Ова се најздравите, а воедно и „најсреќните“ плодови.

5. Спанаќ – Лиснат зеленчук кој е богат со фолна киселина, која е природен извор на витамин Б кој помага за лачењето на серотонин, кој е всушност невротрансмитер поврзан со чувството на среќа и задоволство.

4. Бразилски ореви – Одличен извор на селен, кој не само што го одржува добро расположението, туку и помага за превенција од болести на срцето и некои облици на рак. Селенот е силен антиоксиданс, а покрај него оревите се богати со цинк, магнезиум и значајни количини на фосфор и железо.

3. Пилешко месо – Содржи огромна количина на есенцијални аминокиселини кои му помагаат на мозокот да создава допамин, кој е одговорен за активирање на задоволствата во мозокот. Тој позитивно влијае и на мотивацијата, така што се смета дека е исто толку ефикасен и за лечење од депресија.

2. Риба – Скушата, туна и лососот се богати со омега-3 масни киселини кои исто така се корисни и поттикнуваат позитивно расположение. Истражувањата покажеле дека овие масни киселини помагаат против депресија, тага, несоница, песимизам, недостаток на мотивација, исто како и антидепресивите.

1. Чоколадо – Содржи единствена масна киселина канабоид, која се наоѓа и во марихуаната. Канабоидот е одговорен за делот од мозокот задолжен за меморијата и движењето, поточно поттикнува релаксирано расположение. Покрај тоа, чоколадото содржи и природен стимуланс кој на мозокот му помага полесно да се заљуби.