ОВЕН
Работа: Можни се проблеми во комуникацијата со блиските соработници. Сега не е време за тоа.
Љубов: Доколку сте во емотивна врска, треба да покажете малку поголема толеранција кон партнерот.
Здравје: Проблеми со синусите.
БИК
Работа: Проблемите на работното поле се таложат, но вие се уште не правите ништо за да ги решите
Љубов: Добро се забавувате и убаво ви е со сегашниот партнер. Не размислувате за авантури.
Здравје: Настинка
БЛИЗНАЦИ
Работа: Немате храброст да се соочите со деловните проблеми. Мора да бидете посилни и порешителни.
Љубов: Некои тешкотии во семејниот план влијаат на љубовниот живот. Имате многу сомнежи.
Здравје: Потребни ви се повеќе часови квалитетен и долг сон.
РАК
Работа: Го давате својот максимум во бизнис планот и смислувате позитивни решенија од кои сте задоволни.
Љубов: Саканата личност ви прекорува што сте ја запоставиле поради работата. Обидете се некако да најдете време за неа.
Здравје: Прекинете со цигарите!
ЛАВ
Работа: Се плашите дека некој се обидува да ја преземе вашата деловна позиција. Работете дополнително на вашите интереси.
Љубов: Очекувајте добри вести од саканата личност. Можно е да бидете задоволни од случувањата.
Здравје: Намалете го внесот на алкохол.
ДЕВИЦА
Работа: Сомнеж помеѓу две различни деловни понуди. Се препорачува да го изберете оној кој е финансиски посигурен.
Љубов: Партнерот во последно време се чувствува запоставено, како да ги ставате сите други луѓе пред него.
Здравје: Можен проблем со слухот.
ВАГА
Работа: Имајте ги предвид преголемите трошоци што ги правите. Прилив на пари речиси и да нема.
Љубов: Доколку сте слободни, ве очекуваат многу нови познанства, флертувања и интересни настани на љубовно поле.
Здравје: Проблеми со варењето
СКОРПИЈА
Работа: Забележувате некои неправилности во бизнисот со кој се занимавате, некој го заобиколува законот, а вие не знаете како да реагирате.
Љубов: Можете да очекувате интересен љубовен предлог од саканата личност.
Здравје: Чувствителен стомак.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Имате многу идеи и желби, фантазирате, но во бизнисот сте многу пасивни.
Љубов: Предложете му на вашиот партнер романтичен состанок, прошетка, романтична вечера или патување во театар или кино.
Здравје: Стресот ви предизвикува здравствени проблеми.
ЈАРЕЦ
Работа: Можно е да добиете некоја нова интересна деловна понуда.
Љубов: Ве мачи љубомората на партнерот и мислите дека тој претерува. Немаш проблем тоа отворено да го кажеш.
Здравје: Склони сте на претерување на масата. Намалете ги порциите.
ВОДОЛИЈА
Работа: Ја чекате вистинската можност за важен разговор со претпоставените. Поставете се на вистинскиот начин, можете да очекувате подобрување.
Љубов: Ситуацијата на љубовен план постепено се подобрува. Уживате во пријатни моменти.
Здравје: Проверете ја тироидната жлезда.
РИБИ
Работа: Доколку не најдете рамнотежа меѓу многу обврски, ќе имате проблеми. Не сте добро организирани.
Љубов: Несигурни сте и затоа сите пофални зборови ви доаѓаат како мелем на раната.
Здравје: Намалете го внесот на масна и зачинета храна.