ОВЕН
Работа: Комуникацијата не ви е силна страна, па така обидот за воспоставување на договор завршува неславно.
Љубов: Емотивно сте задоволни. Ви поминува дека другата страна не е отворена кон вас.
Здравје: Главата е чувствителна, особено синусите.
БИК
Работа: На состанок не поминувате најдобро. Само само делумно остварувате поставени цели. Тврдоглави сте и инсистирате на своите идеи.
Љубов: Партнерот свесно избегнува караница и ви попушта.
Здравје: Внимавајте на исхраната.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Ве очекува разговор со надредените личности. Отворено говорите со какви проблеми се соочувате. Доаѓа до подобрување на финансиите.
Љубов: Сакате да влезете во брачните води, но на саканата личност тоа не го интересира.
Здравје: Синусите се чувствителни.
РАК
Работа: Ве очекуваат проблеми за кои во прв момент мислите дека лесно ќе ги надминете. Се воспоставува дека треба време и труд да се решат.
Љубов: Имате посесивен однос кон партнерот, што не му годи.
Здравје: Циркулацијата е слаба.
ЛАВ
Работа: На работа се соочувате со проблеми кои не успевате да ги надминете.
Љубов: Не сте задоволни емотивно. Комуникацијата со партнерот е лоша, така да одбивате средба.
Здравје: Имунитетот е слаб. Чувствителни сте.
ДЕВИЦА
Работа: Во теснец сте со работните проблеми. Тие не попуштаат, не попуштате ни вие.
Љубов: Социјалниот живот не ве интересира. Партнерот гледа дека сте нерасположени и уморни, па пробува да ви го крене расположението.
Здравје: Црниот дроб е чувствителен.
ВАГА
Работа: Областа на судење е лошо прикажана. Ако сте приватник, пресудата нема да биде во ваша корист. Многу сте загрижени поради финансиите.
Љубов: Емотивни сте задоволни. Односот со партнерот е хармоничен.
Здравје: Проблеми со хормоните.
ШКОРПИЈА
Работа: Целосно сте незадоволни од работната и финансиската ситуација. Во двете области се присутни ограничувања и застој.
Љубов: Не му ги кажувајте своите проблеми на партнерот, затоа што евидентно е дка го мачат неговите проблеми.
Здравје: Проблеми со реума.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Енергични сте и сакате докажувања. На самоуверен начин ги одработувате обврските. Не сте задоволни од финансиите.
Љубов: Другата половина има впечаток дека не и посветувате доволно внимание.
Здравје: Ограничете го внесот на храна и пијалоци.
ЈАРЕЦ
Работа: Работата е во стагнација. Се плашите тоа да не се оддолжи и поради тоа почнувате да се распрашувате за друга работа.
Љубов: Имате потреба за емотивна блискост, но саканата личност е во проблеми и не и е до љубов.
Здравје: Лоша циркулација.
ВОДОЛИЈА
Работа: Сакате да остварите работна соработка со странците. Во таа смисла иницирате комуникација и се надевате дека ќе го прифати вашиот предлог.
Љубов: Односот со брачниот партнер е стабилен.
Здравје: Притисокот е нестбилен.
РИБИ
Работа: Ве интересира иднината. Работните планови кои ги правите се долгорочни. Имате вера во успех.
Љубов: Односот со брачниот партнер е стабилен. Свесни сте дека другата страна има проблеми на работа.
Здравје: Стабилно здравје.