Хороскоп за петок, 20 септември

Сподели со своите пријатели

Овен

Loading...

Сè е добро во вашата врска. Одлично се снаоѓате со вашиот партнер. Искористете го денот за патување, и некаков флерт, таму е можно некое ново запознавање.

Бик

Може да одите на пократко службено патување. Имате желба за некое ново искуство. Искористете ги добрите аспекти. Сепак, платете ги сметките на време и сè ќе биде во ред.

Близнаци

Склони сте на флерт. Можно е да имате врска со личност која ја познавате подолго време. Многу сте нервозни на работа. Не оди сè како што планиравте.

Рак

Внимавајте на непотребни трошоци. Малку сте напнати околу финансиите. Со посветена работа и труд, другите ќе ве ценат повеќе, па затоа ќе се отвори можноста за покачување.

Loading...

Лав

Посветете му се на партнерот. Месецот е во полето на партнерството така што дефинитивно можете да направите компромис или договор со саканата личност. Склони сте на флерт.

Девица

Неопходно е да направите избор со кого ќе бидете. Повеќе не можете да се двоумите. Купете за куќата нешто што сте го планирале долго време.

Вага

Не кажувајте на премногу други луѓе за сè што планирате. Соработката со другите е важна за вас, па затоа треба да размислите со кого соработувате. Изберете луѓе со кои имате добра врска, т.е. комуникација.

Скорпија

Запознавање преку работа е можно. Зафатените, спасете го приватниот живот за себе. Приливот на пари е безбеден, ќе бидете задоволни на работа.

Loading...

Стрелец

Вашата работа е во фокусот, но не занемарувајте го приватниот живот. Видете се со пријателите. Сепак, одберете време да го поминувате само со луѓе што ги сакате, и да не губите време на негативни луѓе.

Јарец

Може да добиете некои новости што долго ги чекавте во врска со работата. Имате многу одговорности. Не сте расположени да се дружите, да гледате други луѓе. Обидете се да се потрудите да ги завршите започнатите предмети.

Водолија

Денес е ден за патување. Растоварете се. Можеби ќе ви се допадне некоја личност што ќе ја сретнете на кратко патување. Зафатените, земете го вашиот партнер ако одите некаде.

Риби

Премногу обврски ве оптоваруваат, но некако успевате да се справите со сè. Бидете позитивни и време е да преземете поголема одговорност на работа како и порано. Ако сте малку поамбициозни од вообичаеното, не може да биде лошо за вас, туку обратно.

Loading...