Хороскоп за четврток, 7 март

Сподели со своите пријатели

ОВЕН

Loading...

Не се мешајте премногу во ништо, бидејќи вие би можеле да бидете главниот виновник и да си направите непотребни проблеми. Избегнувајте контроверзни настани, држете се настрана ако видите дека некој упорно се обидува да предизвика расправија. Кога станува збор за работата, бидете многу јасни ако некој ве праша што можете и знаете, а што не. Очекувајте ограничувања во љубовта.

БИК

Работите конечно ќе почнат да се материјализираат. Денот е идеален за договарање интервјуа за работа и генерално за посети или разговори насочени кон позитивни промени. Патувајте и комуницирајте со оние луѓе кои можат да имаат големо влијание врз вашиот живот и иднина. Останете подалеку од се што не ви одговара или што не ве заморува.

БЛИЗАЦИ

Вашето внимание ќе биде окупирано од нешто или некој многу уникатен. За подобро да ги разберете сите опции што ги имате, ќе треба да одвоите повеќе време за истражување. Иако нема да ви се допаднат оние активности кои вклучуваат поголема оддалеченост од дома, тие ќе ви ги донесат најдобрите искуства. Не плашете се од работи кои се непознати.

РАК

Може да очекувате позитивен развој во се што е поврзано со патување, учење и напредок во бизнисот. Обидете се да разговарате со што повеќе луѓе. Иако некои работи можеби не ви се допаѓаат, не ги отфрлајте веднаш потезите кои ви се предлагаат или односите со луѓе кои имаат слични интереси и мотиви. Слушајте ги новите предлози.

Loading...

ЛАВ

Подгответе се за ден полн со обврски и непредвидени ситуации. Личноста со која сте блиски веројатно ќе се однесува чудно или дури и ќе ве саботира. Не се однесувајте премногу агресивно, но не заборавајте да ставите до знаење дека нема да толерирате некој да ви ги нарушува плановите или да се обиде да управува со вашиот живот. Бидете цврсти и доследни.

ДЕВИЦА

Денеска ќе бидете забавни, страствени и многу креативни, затоа погрижете се да одвоите малку време за да се забавувате. Фокусирајте се на љубовта, направете нешто романтично за саканата личност или ако сте сингл, побарајте личност која може да ве надополни. Денот е идеален и за споделување нови идеи со луѓе кои се иновативни.

ВАГА

Ќе знаете точно што можете да направите и што се бара од вас, но ќе бидете разочарани или неправедно критикувани од личноста на која и верувавте. Не се придржувајте до луѓе кои никогаш не знаеле да ве охрабрат. Бидете креативни и опкружете се со еднакви, бидејќи само така ќе успеете во мир да постигнете се што сакате.

СКОРПИЈА

Можете да правите што сакате, но под услов да дадете се од себе. Не потпирајте се на туѓа помош, туку тргнете се во движење и правете сè што можете сами. Околината ќе ве набљудува и добар дел од нив ќе ве гледаат како пример. Презентирајте ги своите вештини и слободно фалете се со минати искуства и нови идеи.

Loading...

СТРЕЛЕЦ

Ако не знаете од каде да започнете, земете поинаков пристап и посветете се на старата идеја. Многумина од вас на тој начин успешно ќе откријат нов начин на заработка или ќе запознаат личност која ќе им даде поинаков поглед на работата. Ако планирате да направите промени поврзани со вашиот љубовен живот, размислете дали тоа го правите од вистински причини.

ЈАРЕЦ

Престанете да мислите дека некој друг ќе продолжи таму каде што сте застанале, наместо тоа почнете да ги правите работите до крај, во спротивно ќе бидете засрамени и сигурно ќе ги изгубите саканите од вашиот живот. Многу зависи од вас. Покажете им на другите дека сте способна личност и ќе привлечете нови можности. Во љубовта нема време за двосмислени пораки.

ВОДОЛИЈА

Премногу ќе се случува далеку од вашите очи денес. Слободно потпирајте се на интуицијата, но не донесувајте одлуки и не реагирајте веднаш на новите ситуации. Бидете внимателни кога избирате личност на која ќе му се доверите бидејќи некој ненамерно може да ве збуни или да ве одведе во погрешна насока. Бидете рационални во сè.

РИБИ

Денес ќе ви биде доста тешко да ги контролирате емоциите. Обидете се да останете реални и цврсто со нозете на земја за да избегнете ситуации кои ќе ви одземат премногу време и во кои нема да добиете ништо. Не се сожалувајте бидејќи ќе предизвикате негативни реакции во околината. Останете позитивни и обидете се да ги задржите вашите мисли за себе.

Loading...