Хорор зоолошка во Албанија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Албанските власти денеска влегле во заклучената приватна зоолошка градина „Safari Zoo Park“ во селото Мбростар и извлекле 12 диви животни поради страв дека се изгладнети поради невнимание на сопственикот.

Во интервенцијата учествувале полицајци и ветеринари од Меѓународната организација за грижа за животните „Фор Поз“ кои со седативи првин заспале три лава, мечка, мочуришна антилопа, четири елени, лисица, зебра и желка, а потоа ги префрлиле во јавната зоолошка градина во Тирана, пренесува АП.

Ова е вистинска зоолошка градина за љубителите на животни (фото)

Приватната зоолошка градина во Мбростар претходно ја затворија самите сопственици по критиките дека се однесуваат неодговорно кон животните кои ги држат тука.

Зоолошката градина се наоѓа 100 километри јужно од престолнината на Албанија.

Leave a Reply