Хорор во Велс: Пет лица исчезнале по ноќно излегување, полицијата пронајде автомобил и тројца мртви

Сподели со своите пријатели

Пронајдени се три мртви тела, а две тешко повредени лица итно се пренесени во болница, соопшти велшката полиција која претходно побара од граѓаните да се јават дали имаат корисни информации за исчезнувањето на пет лица кои последен пат биле видени во автомобил Фолксваген Тигуан.

Loading...

Софи Расон (20), Ив Смит (21) и Дарси Рос (21), сите од Њупорт, Јужен Велс, последен пат биле видени на ноќно излегување во Кардиф во петокот вечерта.

Трите девојки биле во друштво на двајца мажи, Рафел Џин (24) и Шејн Лафлин (32), двајцата од Кардиф, кои исто така биле пријавени за исчезнати.

Полицијата сѐ уште не го потврдува идентитетот на загинатите.

– При обидот да се лоцираат пет лица кои беа пријавени за исчезнати, полицајците го пронајдоа автомобилот во кој последен пат беа видени во областа Сент Мелонс во Кардиф – изјави портпаролот на полицијата, пренесува Sky News.

– Фолксваген тигуан е пронајден нешто по полноќ во понеделникот. Се верува дека автомобилот учествувал во сообраќајна несреќа и излетал од А48. Тројца од пријавените како исчезнати се пронајдени мртви, двајца се пренесени во болница со тешки повреди – додаде тој.