Хорор во Русија: Три деца загинаа во пожар

Сподели со своите пријатели

Три деца на возраст од осум, 10 и 16 години загинаа во пожар во село во руската област Нижегород, а нивните родители се во болница со изгореници, соопшти регионалниот оддел на Истражниот комитет на Русија.

Loading...

Рано утрово е добиена пријава за пожар во приватна станбена зграда во селото Нечаево, пренесува РИА Новости.

Според првичните информации, причина за пожарот е неисправност на електричните инсталации или на печката.

Поведена е кривична постапка по член од Кривичниот законик на Руската Федерација кој се однесува на предизвикување смрт од небрежност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинците тврдат дека собориле уште еден моќен руски авион