Хорор во Мали: Повеќе од 70 луѓе загинаа во нелегален рудник

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 70 луѓе загинаа во уривање на илегален рудник за злато во Мали, а бројката може да биде поголема.

Loading...

Ова вечерва за Асошиетед прес го потврдија властите на таа земја во Западна Африка.

Несреќата се случила во петокот, а потрагата по преживеани се уште трае.

Не е познато што го предизвикало уривањето на рудникот, за што Министерството за рударство извести дури вчера, вторник, истакнувајќи дека загинале „неколку“ рудари.

Ваквите несреќи се чести во Мали, третиот по големина африкански производител на злато.

Дивите рудари, чии активности се од мал обем, обично ги игнорираат безбедносните мерки, особено во оддалечените области.