ХОРОР ВО ГЕРМАНИЈА: Жена пронајдена мртва во контејнер, се трага по бебето

Сподели со своите пријатели

Драматична потрага по новороденче е во тек во германскиот град Пајн, откако полицијата пронашла жена мртва во контејнер.

Loading...

Се стравува дека бебето е во опасност, а единствената трага е тетоважата на зглобот на жената.

Млада жена била пронајдена мртва во контејнер за користена облека на паркингот на супермаркет во Пајн, Долна Саксонија.

Полицијата се сомнева дека нејзиниот врат се заглавил додека се обидувала да се качи во контејнерот и останала во несвест.

Спасувачите можеле само да констатираат смрт, пренесува Билд.

Додека го истражувале идентитетот на мртвата жена, полицајците откриле дека таа има свежа лузна од царски рез.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Истражителите сега стравуваат дека новороденото бебе можеби било оставено само и без надзор.

Потрагата по бебето е во тек, додека полицијата се обидува да го дознае името на несреќната жена.

Loading...

Единствената трага што полицијата ја има досега е тетоважа на левиот зглоб на жртвата, на која има испишано име.

Може да биде „SANYI“, последната буква може да биде нешто друго. Мртвата жена има тетоважа со зборот „KIRA“ на десната надлактица.

Полицијата ги замолува сите со какви било информации веднаш да се јават.