ХОРОР ВО ЧИКАГО: Пет мртви лица пронајдени во семејна куќа

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Бафало Гроув, предградие на Чикаго, пронашла тела на пет лица во една куќа.

Loading...

Според полицијата, во средата, во 11.12 часот по локално време, полицијата тргнала да ја провери состојбата на непознатата жена.

Имено, тие морале насилно да влезат во семејната куќа, бидејќи никој не реагирал од куќата.

Полицијата потоа пронашла пет лица во куќата, од кои сите биле прогласени за мртви на местото на настанот, објави NBCChicago.

Прелиминарната истрага укажува на семеен инцидент, се вели во полициското соопштение.

Имињата на жртвите не се соопштуваат, а причината за смртта е под истрага.

Според полицијата, нема опасност по општеството.

Во моментов се истражуваат имињата на починатите, како и причините за смртта.

Loading...