ХОРОР: Вака ги мачат слоновите за да туристите можат да уживаат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сигурно барем еднаш во животот сте уживале во циркус и сте гледале како истренирани животни играат и скокаат за вас.

Loading...

Но, дали сте се запрашале што тие животни мора да поминат и како се тренирани да бидат толку перфектно подготвени за секој чекор?

Снимките и фотографиите кои се објавени неодамна ја откриваат суровата вистина во сето тоа. Дресерите на слонови ги тепаат, мачат, изгладнуваат само за да некој турист кој е на одмор во егзотична земја би можел да ги јава.

Лек Чарлет со децени работи со слонови, внимава на нив во парк во Тајланд каде има околу 80 спасени животни.

– Слоновите се најубавит еживотни во светот, мислам дека планетата би била празна без нив. Начинот на кој слоновите се сакаат меѓусебно, никогаш тоа не сум го видела никаде со ниту еден вид. Ги спасуваме од разни места, циркуси, јавање и сл. Кога доаѓаат кај нас, повеќе од 80 отсто од нив имаат големи ментални проблеми. Не можам да им дозволам да бидат на таа темна страна, морам да ги извлечам. Многу луѓе се шокирани кога ќе дознаат што е зад ова, тие никогаш не ја знаат вистинската грда вистина, она што се случува зад сцената, рекла таа.

Фото: Принтскрин

Leave a Reply