ХОРОР: Тела од жртви на застрашувачка секта пронајдени во џунгла (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Телата на жртвите на озлогласената секта Нова Божја светлина се пронајдени во масовна гробница во Панама, соопшти локалната полиција додавајќи дека истрагата се уште трае.

Телата биле пронајдени во близина на гробницата каде се пронајдени седум тела во јануари годинава. Жртвите биле поврзани со сектата за која се верува дека е опседната со егзорцизам.

Loading...

 

 

Државниот обвинител Азаел Тугри изјави дека гробницата се наоѓа во оддалечен дел од регионот Нгабе Бугл, до кој истражителите морале да пешачат дури 10 часа. Оддалечен е 350 километри од главниот град Панама Сити.

„Во овој момент не е можно да се одреди бројот на телата или полот на жртвите“, рече Тугри.

Пред неколку дена полицијата го уапси наводниот водач на сектата Нова Божја светлина во врска со жртвите од гробот што ги пронашле во јануари.

 

Loading...

 

Во тоа време, меѓу пронајдените тела биле пронајдени остатоци од бремена жена, нејзините пет деца и тинејџер, а откритието немало да се случи доколку полицијата не била предупредена од тројцата бегалци кои биле заробени од сектата.

Полицијата упаднала во седиштето на Нова Божја Светлина, каде открила ужасни сцени.

Прво, тие ослободиле 15 приведени лица кои ги привлекувале членови на сектата од околните села, а потоа во црквата пронашле гола жена опкружена со мачети и ножеви, а покрај неа имало ритуално заклана коза.

Полицијата тогаш соопшти дека членовите на сектата извршиле егзорцизам врз луѓе кои ги мачеле на различни начини.

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *