ХОРОР: Ова се сателитски снимки од Мариупол по бомбардирањето

Сподели со своите пријатели

Украинскиот град Мариупол со денови е под бомбардирање на руските сили. Последиците од агресијата се видливи на сателитските снимки објавени вчера.

Loading...

На снимката се гледаат куќи и згради во источниот дел на Мариупол, односно цивилната инфраструктура во и околу градот, вклучувајќи станбени куќи, згради, продавници и трговски центри.

 

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се врши геноцид врз неговиот народ.

Заменик-градоначалникот на Мариупол, Сергеј Орлов, рече дека се погодени неколку цивилни центри, вклучително и породилиште и фабрика за преработка на метал.

 

Loading...

 

Според него, вчера биле убиени повеќе од илјада граѓани, а 47 од нив биле погребани.

Инаку, украинската страна објави дека отворила седум хуманитарни коридори за евакуација на цивили, од кои еден се однесува и на Мариупол.

 

 

Руската страна двапати во последните неколку дена ги прекина нападите и повторно напаѓаше, со што неколку пати го одложуваше бегството од нападнатиот град.

Loading...