Во Германија му се суди на маж обвинет за убиство на еден маж и осакатување на неколку други, правејќи незаконски операции на нивните гениталии.
66-годишниот електричар пред регионалниот суд во Минхен изјавил дека процедурите ги извршил на барање на мажите.
Обвинетиот, чие име не беше објавено од причини за приватност, тврдеше дека првично нудел сексуални услуги на садо-мазо сајтови за да заработи пари за да ги отплати долговите.
Подоцна, мажот наводно почнал да врши операции на неговата кујнска маса во градот Маркт Швабен, велејќи им на жртвите дека е обучен медицински експерт, објави германската новинска агенција ДПА.
Обвинетиот пред судот изјави дека во периодот од јули 2018 до март 2020 година кастрирал или делумно ги ампутирал гениталиите на осум мажи.
Тој негираше одговорност за смртта на еден маж, кој починал неколку дена по постапката.
Три недели подоцна, полицијата пронашла тело на мртов маж во кутија.
Обвинителите го товарат обвинетиот за убиство бидејќи не повикал помош во случајот со починатиот, како и за нанесување тешки и опасни телесни повреди.