Хонг Конг ги затвора училиштата, црвен аларм поради обилните врнежи

Сподели со своите пријатели

Хонг Конг денеска ги затвори училиштата откако властите објавија црвен аларм поради обилни врнежи и можни големи поплави, само неколку дена откако градот беше погоден од најсилниот дожд во последните 140 години.

Loading...

Градската метеоролошка агенција издаде „црвено“ предупредување, второ највисоко, пред 6 часот по локално време, и соопшти дека за еден час наврнале повеќе од 50 милиметри, истакнувајќи дека врнежите најверојатно ќе продолжат, пренесува Ројтерс.

Берзата во Хонг Конг ќе остане отворена доколку не биде во сила највисокото, „црно“ метео предупредување.

Силниот дожд доаѓа додека Специјалниот административен регион на Кина сè уште се опоравува од обилните дождови поврзани со тајфунот Хаикуи што го погоди регионот во последните денови.

Многу области имаат и продолжуваат да имаат висок ризик од лизгање на земјиштето по невообичаено влажно време.

Големо количество вода ги поплави тесните улици, трговските центри, станиците на подземната железница и тунелите во Хонг Конг минатата недела, при што во невремето загинаа две лица, а 144 беа повредени, јавува Ројтерс.