Холандскиот парламент призна геноцид врз Ерменците

Сподели со своите пријатели

Пратениците на долниот дом на холандскиот парламент денеска признаа дека е починет геноцид над Ерменците за време на Отоманското царство, а тој чекор би можел да создаде тензии во односите помеѓу Холандија и Турција која не признава геноцид, пренесува агенцијата Франц прес.

Долниот дом со 142 гласа за и три против го усвои текстот со кој се предлага парламентот јасно да се изјасни дека го признава геноцидот врз Ерменците.

Пратениците исто така предложиле испраќање претставник на холандската влада во Ереван на 24. април кога Ерменија одбележува годишнина од масакрот над Ерменците од 1915. до 1917. година.

Историчарите проценуваат дека 1,5 милиони Ерменци биле убиени за време и по првата светска војна во Турција, што многумина го оценуваат како прв геноцид во 20 век. Турција наведува дека биле убиени 500.000 Ерменци.

Турција негира дека се работи за геноцид и тврди дека бројот на жртвите е прувеличен и дека настрадале всушност жртви на граѓанска војна и немири по распадот на Отоманското царство, што довело до загуби на двете страни.

Leave a Reply