Холандија забранува телефони, таблети и паметни часовници во училниците

Сподели со своите пријатели

Холандската влада на почетокот на месецот објави дека мобилните телефони, таблетите и паметните часовници ќе бидат забранети во училниците од 1 јануари следната година.

Loading...

Холандската влада вели дека употребата на овие уреди ќе биде дозволена само доколку се потребни за време на часовите за дигитални вештини, од медицински причини или за лица со посебни потреби, пренесува Ројтерс.

– Иако мобилните телефони се испреплетени со нашите животи, тие немаат место во училницата – изјави холандскиот министер за образование Роберт Дијкграф.

Тој изјави дека учениците треба да бидат способни да се концентрираат, и да им се даде можност добро да учат.

– Мобилните телефони се непријатност, тоа го покажуваат научните истражувања. Мораме да ги заштитиме учениците од тоа – рече Дијкграф.

Забраната е резултат на договор меѓу министерството, училиштата и невладините организации.