Холандското Министерство за земјоделство денеска нареди да се заколат 200.000 кокошки откако беше откриен многу заразен птичји грип на фарма во источниот град Пуифлијк.
Loading...
Масовното колење, кое вклучува и птици од друга фарма во радиус од еден километар, е второ во земјата за еден месец, откако заразата со Х5Н8 беше откриена кај дива живина.
Ризикот за луѓето од заразата се смета за низок, но Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека болеста се шири меѓу птиците преселници кои потоа ја пренесуваат на домашната живина.
Велика Британија во петокот нареди да се заколат 13.000 птици на фарма во Фродшам, откако таму беа пронајдени заразени птици.
Јасмина Тасевска