Холандија: Ќе бидат уништени 300.000 кокошки заразени со птичји грип

Сподели со своите пријатели

Холандската влада денеска објави дека уште 300.000 пилиња заразени со птичји грип ќе бидат уништени на фарма на југот на земјата.

Loading...

Во Холандија од почетокот на септември се забележани околу 30 епидемии на птичји грип, а на почетокот на годината имало десет, објави Ројтерс.

Во Холандија, од крајот на октомври минатата година, кога беше откриена нова варијанта на птичји грип, уништени се речиси шест милиони кокошки.

Неколку епидемии на птичји грип се појавија и во Франција во текот на изминатите неколку недели, откако земјата беше погодена од најголемата епидемија досега на почетокот на оваа година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија