Холандија: Бесплатни креми за сончање ова лето за граѓаните

Сподели со своите пријатели

Холандија ова лето на своите граѓани ќе им понуди бесплатни креми за сончање, со цел да се избори со рекордното ниво на рак на кожата во таа земја, објави денеска „Гардијан“.

Loading...

Кремите за сончање ќе бидат достапни ова лето во училиштата и универзитетите, фестивалите, парковите, спортските објекти и отворените јавни простори низ целата земја, соопшти холандската влада.

Владата додава дека сака на сите да им обезбеди пристап до заштита од сонце и дека кремата не треба да им биде пречка поради цената.

Се вели дека акцијата е делумно инспирирана од децениската кампања во Австралија, која ги поттикнува луѓето да облекуваат кошули, да нанесуваат крема за сончање и да носат капи.

Холанѓаните се надеваат дека кампањата ќе се претвори во навика, дека луѓето редовно се штитат од сонцето.

Низ Европа, бројот на заболени од рак на кожа се зголеми во последните две децении.

Во соседна Германија, во 2021 година, бројот на смртни случаи од рак на кожата се зголемил за повеќе од 55 отсто од 2001 година, покажаа податоците на Федералниот завод за статистика.

Експертите велат дека со добра заштита може значително да се намали бројот на заболени од рак на кожа.

Loading...