ХИТ: Министерката даваше интервју онлајн, а во кадарот влета нејзиниот син со морков во форма на пен*с (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Министерка од Нов Зеланд е уште една јавна личност која се посрамоти поради „инцидентот“ за време на видео повик.

Loading...

Имено, телевизиското интервју во живо го прекина нејзиниот син, кој влезе возбудено во собата мавтајќи со морков во форма на пенис.

Кармел Сепулони, министер за социјален развој, правеше интервју во живо со Радио Самоа преку Зум, кога нејзиниот насмеан син влезе во вратата што беше зад неа, држејќи морков со чудна форма што очигледно го нашол меѓу намирниците, пишува Гардијан.

„Во моментот кога давате интервју во живо преку Зум и вашиот син влегува во собата викајќи и држејќи деформиран морков во форма на дел од машко тело“, напиша Сепулони на Твитер. „Да, речиси се боревме околу морковот пред камерата, и да, сега се смеам на тоа, но тогаш не!“, додаде таа.