Браната на реките Днепар е оштетена во синоќешниот напад, а Украина тврди дека водата навалила во населбите.
Во ноќниот напад во областа Херсон, уништена е ХЕЦ Каховка, а оштетена е и клучната брана на реката Днепар, а според тврдењата на Украинците, водата веќе почнала да ги напаѓа населените места.
Во видеата кои кружат на социјалните мрежи, а чија автентичност во моментов не може да се потврди, се вели дека Херсон веќе е под вода.
Тимофиј Милованов, поранешен министер и претседател на Киевското економско училиште, вели дека врвот на поплавниот бран може да се очекува околу 11 часот по локално време, 10 часот по наше време.
Украинските власти претходно наредија евакуација на населението.
Оштетувањето на браната Нова Каховка не само што создаде опасност од поплавување на селото, туку експертите велат дека во опасност е и нуклеарната централа Запорожје.
Имено, водата од акумулацијата Каховка е неопходна за НЕ да добие напојување за турбините и безбедносните системи.
Браната, која беше оштетена во нападот синоќа, поминува преку огромната украинска река Днепар.
Самата брана е висока 30 метри и широка стотици метри. Изградена е во 1956 година како дел од хидроцентралата Нова Каховка.
Водата од акумулацијата го снабдува и Крим на југ, кој беше анектиран од Русија во 2014 година.
Помага и во работата на хидроцентралата Нова Каховка. Уништувањето на браната дополнително ќе ги влоши тековните енергетски проблеми на Украина, откако Русија ја таргетираше клучната енергетска инфраструктура со недели претходно оваа година.
Kherson is already flooded.
The peak waters are expected in 2 hours at 11am local time.
About 16 000 people are affected. They are being evacuated.
However, the situation is likely worse on the left bank occupied by Russia. It will be hit harder, limited communication. 1/ pic.twitter.com/Tu0tLxLlnP
— Tymofiy Mylovanov (@Mylovanov) June 6, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.