Херојски чин на полицаец: Спаси куче од автомобил во пламен (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Полицаец од Колорадо спасил куче од запален автомобил, а Канцеларијата на шерифот на округот Даглас сподели видео од спасувањето со јавноста.

Loading...

Заменикот Мајкл Грегорек добил дојава за запалено возило, а бидејќи еден месец претходно интервенирал во случај во кој осомничениот фрлил молотови коктели врз возило, мислел дека ова може да биде нешто слично.

Меѓутоа, кога пристигнал на местото на настанот, видел маж како гаѓа во џип од кој излегувал густ чад. Најпрвин мислел дека е злосторство, а потоа слушнал како мажот вика дека во автомобилот е неговото куче.

„Почна да вреска дека неговото куче е во автомобилот. Веднаш го префрлив прекинувачот од „ова очигледно не е кривично дело“ на „сега имаме живот во смртна опасност“, изјави Грегорек.

На видеото, објавено на Фејсбук страницата на шерифот на округот Даглас, се гледа како Грегор ги крши прозорците на зачадениот теренец со палка пред да го повлече вознемиреното куче по име Хенк на безбедно.

„Хенк доаѓа до задниот прозорец, се лигавеше, се гледа дека е во неволја. Сопственикот се обидел да го извлече, но безуспешно“, рекол полицаецот.

Снимката завршува со трогателна средба меѓу сопственикот и спасеното куче, а може да се види и како животното со благодарност ги лиже рацете на својот спасител.

Пожарникарите веруваат дека пожарот е резултат на електричен дефект и најверојатно настанал некаде под контролната табла или конзола.

Loading...

Социјалните мрежи брзо го преплавија Грегорка со пофалби за неговата добра работа.

„Леле, каков прекрасен среќен крај!“, „Одлична работа, заменик! Со ова спасување го воодушеви секој љубител на кучиња!“, „Ви благодариме што ги третирате нашите кучиња како ценети членови на нашата заедница“, се само некои од коментарите испратени до храбрите до полицаец.

Грегорек тврди дека никогаш нема да се двоуми да спаси милениче во опасност.

„Јас би го направил истото било да е бебе, маж, куче, мачка. Животот е живот. Во таква ситуација се однесуваш како таков“, рече тој.