ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Излегол од свадба за да спаси куче од надојдената река (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Човекот по име Бране стана популарен низ целиот регион откако беше објавено видео кое спасува куче од надојдената река Лим во Црна Гора.

Loading...

Човекот излегол од свадба одржана во хотелот Беране кога видел куче на ѕидот покрај реката Лим.

„Спасување куче од надојдениот Лим. Инаку, се работи за господин кој е гостин на свадбата, а кога ја видел шокантната сцена не размислувал премногу што да прави“, се наведува во описот на видеото.

Видеото стана вирално, а луѓето од целиот регион беа воодушевени од овој хуман гест.