Хероин пронајден во автомобил на кумановец

Сподели со своите пријатели

Кумановската полиција при преглед на возило, кај кумановец пронашла хероин, по што му поднесе и кривична пријава.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против О.А.(41) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 16.10.2019 полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „рено меган“, сопственост на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

Никола Ивановски

Leave a Reply