Хелсиншки комитет: Бегалци на Табановце биле малтретирани од полицијата

Сподели со своите пријатели

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија денес го објави четвртиоти извештај за состојбата со бегалските прифатни центри во Гевгелија и Куманово, а опфатен е периодот од 9-ти до 15-ти ноември.

Loading...

Како што стои наведено во извештајот,  по терористичките напади во Париз, во бегалскиот прифатен центар Табановце  е забележано значително присуство на униформирани и неуниформирани полициски службеници во самиот камп.

Во кампот недостасуваат инвалидски колици за лицата со одереден инвалидитет, а во некои денови е забележан и недостиг од храна во одредени периоди од денот, посебно во вечерните часови се наведува во извештајот.

Во извештајот се апелира до Центарот за управување со кризи во соработка со Министерството за труд и социјална политика, како и Министерството за здравство итно да обезбедат инвалидски колички.

Хелсишкиот комитет во извештајот ја има забележано и посетата на министрите и претставниците на меѓународните организации во камповите. Така во недела на посета бил заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претставници на министерството, а претходно посета имале и Амбасадорката на Германија со пертставници од ОБСЕ, а преку посетите се вршела проценка на условите и потребите на камповите.

На почетокот на неделата, како што јавува Хелсиншки бил пријавен случај во кој шестмина бегалци од Пакистан биле ограбени и малтретирани, па морале да се вратат во кампот. Наводно, тие биле нападнати од група на четворица Авганистанци, кои живееле во село Лојане. Настанот бил пријавен во СВР Куманово.

Друг инцидент бил пријавен од страна на анонимен извор од јавно претпријатие на кој група на бегалци од Сирија му се пожалале дека наводно биле нападнати од страна на полициски службеници. Притоа им биле украдени мобилните телефони и парите, а биле и тепани со палки. Јавниот службеник можел да ги забележи повредите кои им биле нанесени. Случајот не е пријавен во полиција, а групата го продолжила својот пат.

Според сведочењето на еден од бегалците, поединечни полициски службеници кои во присуство на активисти на терен се однесуваат прописно, кога се насамо со бегалците ги третираат на понижувачки начин.

Loading...

Активистите и волонтерите кои се присутни на терен остануваат посветени на нивната работа и вложуваат максимални напори да обезбедат што подобра помош за бегалците кои поминуваат, стои во неделниот извештај на Хелсиншкиот комитет.