ХАРТ ДЕФИНИТИВНО ГО НАПУШТА МАНЧЕСТЕР СИТИ

Сподели со своите пријатели

Џо Харт голманот на Англиската репрезентација и на Манчестер Сити веќе е сигурно дека го напушти тимот од Манчестер.

 Како што пренесуваат англиските медиуми утрово Харт после разговорот со Гуардиола , незадоволен и изреволтиран  го напуштил тренинг центарот на Манчестер Сити.

guardiola-y-joe-hart

Loading...

 По доаѓањето  на Гуардиола во тимот ситуацијата на Харт се влошила  односно не играше во првите две кола од  Англиската премиер лига , по што искусниот голаман веќе ја разгледува можноста да го напушти тимот во кој веќе десет години е број еден на голманската позиција.

Харт стигна во Сити 2006 година каде првата сезона помина на позајмица во Транмер  и Блекпул , каде од следната сезона  застана на голманската позиција на Манчестер Сити. Од тогаш до денес  Харт бранеше 347 пати на голот во сите натпреварувања.
За репрезентацијата на Англија  63 пати.
Одма се појавија шпекулации за тренасферот на Харт во Евертон, но сеуште нема договор меѓу двата тима.