Харков во понеделникот гранатиран 65 пати, досега се уништени 600 згради

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина, а друго е тешко повредено по повеќекратните напади во понеделникот во североисточниот украински град Харков, изјави во вторникот Олех Синјубухов, шеф на регионалната управа на Харков.

Loading...

Тој рече дека само во понеделникот имало 65 случаи на гранатирање на градот, јавува Си-Ен-Ен.

 

Посетата на тројцата премиери на Киев подготвена во тајност, може да биде многу опасна

 

– Во меѓувреме, 600 станбени згради во градот се уништени во руските напади од почетокот на војната – изјави градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, додавајќи дека куќите не можат да се поправат.

– Луѓето всушност ги загубија своите домови. Во Харков беа бомбардирани педесетина училишта и голем број здравствени установи, вклучително и породилишта – рече тој.