Харис: Правото на абортус е загрозено во сите американски држави

Сподели со своите пријатели

Американскиот потпретседател Камала Харис изјави дека правата за абортус се под закана низ САД, на 50-годишнината од случајот Роу против Вејд, со кој жените имаат уставно право на абортус, но минатата година Врховниот суд го поништи.

Loading...

– Право на секоја жена во секоја американска држава е да донесе одлука за своето тело по ова прашање. Републиканците во Конгресот сега бараат забрана на абортусот веднаш по зачнувањето. Како се осмелуваат – рекол Харис, пренесе Ројтерс.

Минатата недела, претставници на Белата куќа изјавија дека во 2023 година биле поднесени 60 закони против абортусот, а повеќе од 26 милиони жени моментално живеат во американските држави кои го забранија абортусот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пашинјан: Ереван е подготвен да потпише мировен договор со Баку

Харис додаде дека мнозинството гласачи, вклучително и во сојузните држави Канзас, Калифорнија, Мичиген, Монтана, Кентаки и Вермонт, ги потврдија правата на абортусот за време на гласањето.