Харадинај: Поради обврските не присуствувам во Прага

Сподели со своите пријатели

Премиерот на  Косово кој поднесе оставка Рамуш Харадинај, испрати писмо до чешкиот премиер Андреј Бабиш во кое се вели дека не е во можност да присуствува на денешната средба на премиерите на Вишеградската група и Западен Балкан.

Loading...

Тој на Твитер изјави дека му испратил писмо на Бабиш и му се заблагодарил за поканата.

Харадинај исто така изјави дека Чешка и Косово имаат добри билатерални односи и дека тие ќе се зајакнат во иднина.

Сепак, чешките медиуми вчера објавија дека делегацијата на  Косово нема да присуствува на самитот затоа што чешкиот претседател Милош Земан за време на посетата на Белград објави дека ќе ја разгледа можноста за повлекување на признавањето на Косово во неговата земја.


Leave a Reply