ХАОС ВО ЖИВО: Новинар и политичар се степаа во емисија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Украинскиот новинар Јури Бутусов и членот на Платформа за живот Нестор Шуфрич се степале за време на гостувањето во емисијата „Слобода на говорот“ на Савик Шустер.

Loading...

Тепачката избила кога Шуфрич истакна дека „Платформата за живот“ е втора најсилна во парламентот, а народот на Украина ја поддржува неговата страна, на што Бутусов одговори со обвинувања дека членовите на „Платформата“ се предавници, по што тој ги обвини дека го изневеруваат ширењето на руската пропаганда и наративи во Украина.

Шустер се обиде да ја смири ситуацијата велејќи дека судот треба да одлучи дали некој е предавник, но не успеа.

Само неколку моменти подоцна Бутусов притрча до Шуфрич и го удри во лицето, по што дојде до тепачка.

Кога ситуацијата малку се смири, Шуфрич го напушти студиото на неколку минути, за да се врати и да му каже на својот ривал дека е обичен провокатор, а и дека се гребе како девојче.