Хаос во рускиот циркус поради „Љубоморни“ слонови: Голема борба на Џени и Магда (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Посетителите на рускиот циркус во Казан морале да побегнат по хаосот што настанал кога се степале двата слона, пренесуваат светските медиуми.

Loading...

Како што се наведува, обучувачите очајно се обидувале да спречат борба помеѓу овие огромни животни што избила меѓу Џени и Магда. Имено, Џени ја оттурнала Магда и ја фрлила на земја, а потоа се обидела да го згази „противникот“ на работ на рингот, поради што публиката започнала да ги напушта седиштата и да бега.

 

Еден од вработените во циркусот изјавил дека е можно инцидентот да е резултат на излив на љубомора, односно на „ривалот“ не му се допаѓало што обучувачот повеќе внимание посветувал на другиот.

Кога се одиграл дуелот за време на шоуто „Слонови и циркуска магија“, посетителите почнале да го напуштаат комплексот, вреден повеќе од 11,5 милиони евра.

 

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *