Хантер Бајден: Епштајн ја запозна Меланија со Трамп. Меланија: Ќе го тужам

Сподели со своите пријатели

Првата дама на САД, Меланија Трамп, се закани дека ќе го тужи Хантер Бајден за повеќе од една милијарда долари, откако тој изјави дека таа била запознаена со нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, од осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, пишува Би-Би-Си.

Loading...

Адвокатите на првата дама, која се омажи за Трамп во 2005 година, го опишаа тврдењето на Бајден како „лажно, омаловажувачко, клеветничко и провокативно“.

Во писмото упатено до адвокатот на Хантер Бајден се бара повлекување на изјавата и извинување, со закана за тужба за „штета поголема од милијарда долари“.

Во него се вели дека првата дама претрпела „огромна финансиска и репутациска штета“ поради тврдењето, кое Бајден го повтори.

Тврдење без докази

Бајден, син на поранешниот американски претседател Џо Бајден, го изнесе тврдењето претходно овој месец во интервју во кое остро ги критикуваше минатите врски на Трамп со Епштајн.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп гради „Златна купола“: Нов мега штит за ракетна одбрана на САД

Трамп во минатото призна дека го познавал Епштајн, но тврди дека се разделиле на почетокот на 2000-тите затоа што Епштајн ги киднапирал вработените од спа-центарот на Трамп во Флорида.

Во интервју со режисерот Ендру Калаган, Бајден рече: „Епштајн ја запозна Меланија со Трамп – тие врски се многу широки и длабоки“.

Адвокатите на првата дама тврдат дека Бајден се потпирал на статија од американскиот портал „Дејли Бист“, која подоцна била отстранета откако правниот тим на Меланија ја оспорил нејзината содржина и наслов.

Loading...

Отстранетата статија, во која делумно се цитира новинарот Мајкл Волф, алудирала на тоа дека Меланија била во врска со познаник на Епштајн и Трамп кога го запознала својот сегашен сопруг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали е на маса размена на територија за мир - клучни детали од претстојната средбата Трамп – Путин

„Дејли Бист“ ја повлече приказната

„Дејли Бист“ ја повлече приказната по правен предизвик и се извини „за каква било забуна или недоразбирање“.

Би-Би-Си наведува дека нема докази дека Меланија и Трамп се запознале преку Епштајн, кој во 2019 година, според тврдењата на поранешната и сегашната американска администрација, извршил самоубиство во затвор додека чекал судење по обвинение за сексуална експлоатација на малолетници.

Адвокатот на првата дама, Алехандро Брито, ја упати Би-Би-Си на изјава од нејзиниот помошник, Ник Клеменс:

„Адвокатите на првата дама Меланија Трамп активно обезбедуваат итно повлекување и извинување од оние што шират злонамерни, клеветнички лаги“.

Профилот на „Харперс Базар“ од 2016 година вели дека Меланија и Трамп се запознале во ноември 1998 година на забава организирана од сопственикот на модна агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин ќе биде прв руски претседател во џиновската база во Алјаска: Трамп не ја одбра случајно

Одличен тајминг

Меланија потоа изјави дека не сакала да му го даде својот телефонски број бидејќи бил „со придружба“.

Во тоа време, Трамп неодамна се разделил од својата втора сопруга Марла Мејплс, од која се развел во 1999 година, а пред тоа бил во брак со Ивана Трамп од 1977 до 1990 година.

Loading...

Писмото на адвокатот доаѓа во време на притисок врз Белата куќа да ги објави таканаречените Досиеја на Епштајн – документи од истрагата против осудениот педофил.

Пред неговиот реизбор, Трамп рече дека ќе ги ослободи ако се врати во Белата куќа, но ФБИ и Министерството за правда во јули соопштија дека нема „инкриминирачки“ список на клиентите на Епштајн.