Хан пристигна – неизвесно што ќе понуди за излез од политичката криза

Сподели со своите пријатели

Во резиденцијата на евроамбасадорот Аиво Орав во Скопје, предмалку пристигнаа двете делегации на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, каде ќе бидат примени од еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

Loading...

Хан денес во Скопје ќе се обиде да понуди решение за длабоката политичка криза во која навлезе Македонија.

Делегацијата на СДСМ е предводена од лидерот Зоран Заев, а покрај Заев, тука се и Радмила Шекеринска и Петре Шилегов, додека делегацијата на владејачката партија е составена од Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Никола Попоски и Никола Тодоров.

Еврокомесарот Хан според најавите можно е да присуствува и на лидерската средба на четирите најголеми партии во Македонија, закажана за денес.

Според некои медиуми, Хан денеска носи предлог документ за разрешување на кризата, а за неговата содржина се уште е на ниво на шпекулации.

Leave a Reply