Хан доаѓа во Скопје – ќе бара имплементација на договорот од 2 јуни

Сподели со своите пријатели

Еврокомесарот за преговори за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, придружуван од тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан денеска ќе пристигнат во Скопје каде ќе се сретнат со лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија.

Loading...

Хан и европските пратеници ќе се обидат да дојдат до конечен договор за политичката криза во Македонија.

Според соопштението на Европската комисија, Хан ќе има поединечни средби со лидерите на четирите најголеми политички партии Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, а потоа треба да се одржи и заедничка лидерска средба.

– Средбите што ќе се одржат на 14 јули имаат за цел надминување на политичката криза во земјата. На нив, исто така, ќе присуствуваат олеснувачите од Европскиот парламент, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, информира Европската комисија.

Основа за постигнување конечен договор, како што најави портпаролката Маја Коцијанчич, е договорената рамка од 2-ри јуни што предвидува итни реформи во неколку области и одржување на вонредни парламентарни избори најдоцна во април 2016-та година.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.