Хамнеи: Присуството на Америка и Европејците е извор на конфликти, војни и непријателства

Сподели со своите пријатели

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека присуството на американските и европските нации на Блискиот Исток е извор на „конфликти, војни, грижи и непријателство“, пренесува ИРНА.

Loading...

„Регионалните нации можат сами да управуваат и ќе живеат заедно во мир“, рече Хамнеи, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој рече дека Иран се надева дека „ќе се ослободи од злото на непријателот“ и ги повика западните нации „да ја намалат својата злоба“.

Ова е негово прво јавно обраќање откако Техеран истрела низа балистички ракети кон Израел.

Иранската револуционерна гарда синоќа објави дека лансирала повеќе од 100 ракети кон Израел како одговор на неодамнешното убиство на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије, лидерот на Хезболах Хасан Нусралах и заменик-оперативниот командант на иранската Револуционерна гарда Абас Нилфорушан.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по иранскиот ракетен напад, изјави дека Иран направил „голема грешка“ синоќа и дека „ќе плати за тоа“.

Иран рано утринава објави дека неговиот ракетен напад врз Израел завршил без дополнителни провокации, додека Израел и Америка ветија дека ќе возвратат на нападите на Техеран.

Иран го гледа присуството на американски војници пред својот праг како закана и побара нивна евакуација од соседен Ирак и други делови од регионот, пренесува Танјуг.

Loading...