Хамнеи: Немирите ги организираат иранските непријатели

Сподели со своите пријатели

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, антивладините протести ги нарече немири организирани од иранскиот непријател, објави денеска новинската агенција Тасним.

Loading...

Хамнеи рече дека непријателот организирал немири во Иран против големиот напредок на земјата во развојот и достигнувањата, пренесе Ројтерс.

Низ Иран веќе еден месец се одржуваат протести за смртта на 22-годишната Махса Амини, откако беше одведена во полициска станица поради непочитување на хиџабот.

Според групите за човекови права, во протестите загинаа најмалку 185 луѓе, меѓу кои 19 малолетни, додека стотици се повредени и илјадници уапсени.

Иранските власти објавија дека за време на протестите биле убиени повеќе од 20 припадници на безбедносните сили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија